Галерија Џим Бејчор ги претвора уличните дупки во мозаици

Џим Бејчор ги претвора уличните дупки во мозаици

Уличните мозаици на Џим Бејчор

Уличниот уметник Џим Бејчор повеќепати забележал дека по долгите и студени зими на улиците на неговиот роден град Чикаго се појавуваат дупки.

Американскиот уметник решил сам да го реши проблемот со дупките на патот, наместо да поднесува петиции за нивно пополнување.

Секоја пролет уметникот ги поправа улиците, правејќи мозаик во дупките. Бејчор вели дека инспирацијата ја добил од Италија, каде при посетата на археолошките локалитети забележал прекрасни мозаици.

Ви ги претставуваме последните уметнички дела на Бејчлор на улиците на Чикаго.