Македонија Џафери во Романија и Литванија на ратификувањето на Протоколот за членство во...

Џафери во Романија и Литванија на ратификувањето на Протоколот за членство во НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од 12 до 14 март ќе престојува на работна посета во Романија и Литванија, каде ќе присуствува на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, информираат собраниските служби.

Седницата во романскиот парламент ќе се одржи на 13 март, а во Литванија на 14 март. Џафери, кој ќе оди во придружба на пратеникот Панчо Минов, ќе се обрати пред пратениците на Сејмот на Литванија.

Во рамките на овие работни посети претседателот Џафери ќе има и билатерални средби со домаќините и со други државни претставници од Романија и Литванија.

Протоколот за членство во НАТО прва го ратификуваше Грција, а досега тоа го направија и Словенија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија.