Свет Европа Дезертирале повеќе од 10.000 украински војници

Дезертирале повеќе од 10.000 украински војници

Од почетокот на кризата во Југоисточна Украина на 24 април 2014 година, дезертирале повеќе од 10.000 војници.

Најмногу дезертери имало во првиот круг на мобилизација, и тоа околку 30 отсто од повиканите.

Од почетокот на конфликтот во Украина имало шест бранови на мобилизација, со што бројот на украински војници се искачи од 130.000 на 232.000 до крајот на 2014 година.

Многу Украинци кои беа против мобилизацијата, ја напуштија земјата. Околу 1,3 милион военоспособни Украинци живеат во Русија.

Киев почна војна во Донбас против бунтовниците кои не ја признаваат новата украинска влада, по пучот со кој беше сменет претседателот Виктор Јанукович. Бунтовниците се борат за независна република во реонот на Доњецк и на Луганск.

Во конфликотот, според официјалните податоци, досега загинале 6.500 луѓе, додека неофицијалните податоци говорат дека бројот на жртвите е неколку десетици илјади.