Економија Девизните резерви во јануари намалени за околу 14 милиони евра во однос...

Девизните резерви во јануари намалени за околу 14 милиони евра во однос на декември

Девизните бруто-резерви на крајот на јануари изнесуваат 2.246.900.000 евра, што претставува намалување од 14.800.000 евра во однос на декември 2015 година, соопшти Народната банка во најновиот извештај.

Намалувањето кај девизните резерви се должи на интервенциите на Народна банка на девизниот пазар и на трансакциите за сметка на државата, во услови на зголемување на пазарната вредност на резервите, како резултат на пресметаните негативни ценовни и валутни разлики.