Хроника Деветнаесет години затвор за убиецот на медицинската сестра на Детска клиника

Деветнаесет години затвор за убиецот на медицинската сестра на Детска клиника

Кривичниот суд во Скопје денеска го осуди Никола Кузмановски на 19-годишна затворска казна поради убиството на медицинската сестра Дијана Здравковска, што се случи на 9 јануари 2015 година на потпокривот на Детската клиника во Скопје.

Кузмановски, кој бил во љубовна врска со Здравковска, беше обвинет за убиство на бремено лице.

Според обвинителниот акт, Здравковска починала како резултат на насилно задушување, откако обвинетиот со едната рака ја фатил за вратот и почнал да ја стега, а со другата во исто време ѝ ги затнал носот и устата, давејќи ја сè додека не престанала да дава знаци на живот.

Кузмановски во текот на судскиот процес го негираше делото, а неговата одбрана тврдеше дека станува збор за настан со несреќни околности.