Свет Свет Девет цивили убиени во нападите во Алепо

Девет цивили убиени во нападите во Алепо

Најмалку девет цивили се убиени, а десетици се ранети вчера кога бунтовниците испукале минофрлачки гранати и ракети на мнозинскиот курдски кварт во градот Алепо, соопшти сириската курдска група Единици за народна заштита.

Портпаролот на групата, Редук Хелил, рече дека во нападите во квартот Шеик Максуд се убиени девет цивили, меѓу кои има четири деца, две жени и три мажи.

Сириската опсерваторија за човекови права објави дека бунтовничките групи, меѓу кои е и Фронтот Нусра, испукале 70 минофрлачки и ракетни проектили на цивилите во Алепо.