Свет Европа Девет мигранти се удавија во Турција

Девет мигранти се удавија во Турција

Турските власти соопштија дека утрово на плажата во турското летовалиште Ајвалик пронајдени се тела на девет бегалци, откако чамецот потонал поради невреме.

Турската крајбрежна стража успеа да спаси осум од 22 мигранти, а акцијата за спасување сè уште е во тек.

Сè уште не е утврдена националноста на бегалците.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција, околку 70 лица загинале или се водат како исчезнати во 2015 година во Егејско Море на патот кон Западна Европа. Тие овојпат секојдневно го поминуваат и покрај зимските температури и лошите временски услови.