Свет Девет луѓе починале од задушување со оризови моши-колачи во Јапонија

Девет луѓе починале од задушување со оризови моши-колачи во Јапонија

Вообичаениот новогодишен убиец во Јапонија повторно нападна, откако девет лица овие денови биле пријавени за починати од задушување со колачиња од ориз, пишува лондонски „Гардијан“.

Моши, лепливи колачиња од ориз, во Јапонија се деликатес кој традиционално се јаде во големи количества за време на празниците, вообичаено во супа или сервирани со сладок сос од соја и завиткани во сушени алги.

По неколку луѓе умираат секој јануари од јадење на овој леплив деликатес, но оваа година нивниот број е доста висок.

Јапонските медиуми јавуваат дека девет лица починале за време на празниците, додека други 13се пренесени во болница во сериозна состојба.

Минатата година биле регистрирани најмалку четири смртни случаи, за разлика од 2013 година, кога била пријавени два.

Повеќе од 80 отсто од починатите се повозрасни лица, на кои им е потешко да ги голтнат лепливите колачиња.

Секоја година јапонските здравствени власти испраќаат предупредување до граѓаните да ги намалат димензиите на парчињата од колачот и залците за децата и за повозрасните лица.

Тие препорачуваат при ризик, парчињата да се џвакаат внимателно пред да се проголтаат, додавајќи дека моши-колачите секогаш треба да се јадат во друштво.

Стравувањата во Јапонија се дека смртните случаи поврзани со јадење моши ќе стануваат сè побројни како што популацијата во оваа земја сè повеќе старее. Од фирма во Осака изјавиле дека развиле начин за лесно голтање парче моши, така што додаваат ензим што ги прави колачите помалку лепливи.

Секој Јапонец консумира во просек по еден килограм моши секоја година, најмногу во текот на првата недела од јануари.