Свет Девет лица загинаа при експлозија во електрана во Индија

Девет лица загинаа при експлозија во електрана во Индија

Најмалку девет лица загинаа, а околу 100 се повредени во експлозија во индиска електрана во сојузната држава Утар Прадеш, соопшти полицијата.

Властите наведуваат дека до експлозијата во електраната, која користи јаглен, дошло поради зголемен притисок.

Електраната е во сопственост на најголемата индиска енергетска компанија „НТПЦ лтд“.