Македонија Детската клиника доби апарат за дијагностика на епилептични жаришта

Детската клиника доби апарат за дијагностика на епилептични жаришта

Одделот за неврологија при Клиниката за детски болести во Скопје доби софистициран медицински апарат за дијагностика на епилептични жаришта кај децата.

Апаратот е донација од „Македонски телеком“ и од „Ти-мобајл“ и е единствен од ваков вид во Македонија. Дечињата пациенти со невролошки проблеми отсега нема да треба да патуваат во странство, туку дијагностиката ќе можат да ја направат на детската клиника.