Uncategorized Децата од Тетово порачаа: Менуваме играчки за филтри

Децата од Тетово порачаа: Менуваме играчки за филтри

Стотина деца од Тетово, со медицински маски, во присуство на своите родители, учествуваа на протестот против алармантното аерозагадување на градот. На градскиот плоштад децата симболично ги донираа своите играчки во замена за почист воздух.

Протестот се организираше под мотото „Mенуваме играчки за филтри“.
Можеа да се видат најразлични транспаренти и пораки, со кои, всушност, мајките бараа почист воздух за своите деца.

Протестот кој беше организиран од граѓанското движење „Мајка и дете“, доби поддршка од движењето „Еко герила“, кое изминатиов период организираше неколку протести против аерозагадуавњето.