Дописници Деца од поплавените подрачја ќе бидат сместени во Охрид

Деца од поплавените подрачја ќе бидат сместени во Охрид

Детската градинка „Јасна Ристеска“, од Охрид, организира престој за поголема група деца од подрачјата погодени од саботните поплави. Децата ќе бидат сместени во објектот „Росица“.

Вратите за настраданите во поплавите ги отвори и средношколскиот ученички дом „Ванчо Питошески“ каде ќе бидат сместени воспитните тимови.

Иницијатор на оваа акција е општина Охрид, а се реализира во соработка помеѓу детските градинки „Јасна Ристеска“ од Охрид и „25 Мај“ од Гази Баба.