Македонија Детектиран еден случај на флурон кај 26 годишен жител од земјава

Детектиран еден случај на флурон кај 26 годишен жител од земјава

Вакцините Фајзер/Бионтек | Фото: Министерство за здравство 17.02.2021 г.

Од Министерството за здравство информираат дека е детектиран еден случај на флурон (комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот) кај 26 годишен жител на кичевската општина Зајас.

Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција Ковид19/Инфлуенца А, непосредно пред карјот на минатата година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за Ковид 19, неколку дена пред да пристигне во Македонија. Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика.