Uncategorized Десетици загинати и ранети во експлозија во труски град на границата со...

Десетици загинати и ранети во експлозија во труски град на границата со Сирија

Најмалку 10 лица загинаа, а 25 се повредени во експлозија во културен центар во југоисточниот турски град Суруч, во близина на границата со Сирија.

Весникот „Туркиш стар“ јавува дека експлозијата однела 30 животи, додека порталот „Туркијегазетеси“ наведува дека најмалку 45 лица се повредени во експлозијата, која, наводно, е од автомобил-бомба.

Претставници на локалните власти засега потврдуваат само 10 загинати и околу 20 повредени.

Засега нема официјални податоци за тоа што ја предизвикало експлозијата во градот, кој се наоѓа на 10 километри од сирискиот пограничен град Кобани, кој е под контрола на Исламска држава.