Свет Европа Десет мртви по пад на грчки воен авион во Шпанија

Десет мртви по пад на грчки воен авион во Шпанија

Десет лица погинаа, а 13 се повредени откако грчки воен авион од типот Ф-16 се срушил во воената база на НАТО, на југот од Шпанија, соопшти шпанското министерството за одбрана.

Авионот се срушил при полетувањето, во центарот за обука во базата Лос Ланос во Албасете, 262 километри југоисточно од Мадрид.

„Авионот кој учествувал во НАТО-програмата, изведувал вежба, но во текот на полетувањето, изгубил сила и се струшил врз повеќе авиони кои таму биле приземјени“, се наведува во соопштението од шпанското министерство.

Во соопштенето, исто така, се вели дека противпожарни екипи стигнале на местото на настанот за да го изгаснат пожарот. Локалните шпански медиуми објавиле снимка на која се гледа пламен и црн чад на местото каде се срушил авионот.