Свет Десет лица загинаа во пожар во хотел на југоистокот на Кина

Десет лица загинаа во пожар во хотел на југоистокот на Кина

Голем пожар зафати хотел кој се наоѓа во градот Нанчанг, во југоисточниот дел на Кина, и притоа загинаа 10 лица, јавуваат кинеските медиуми. Едно лице било повредено откако скокнало од прозорец од втори кат.

Спасувачката акција завршила, а пожарот најверојатно го причиниле машините за сечење градежен материјал.

Истрагата е во тек, а притворени биле седум лица.