Свет Десет лица убиени во Салвадор

Десет лица убиени во Салвадор

Десет лица, меѓу кои и едно 11-годишно момче, вчера се убиени во Салвадор во два одвоени инцидента, соопштија локалните власти.

Полицијата соопшти дека пет лица се убиени во рурална област на истокот на земјата, додека пет члена на банда се убиени во судирите со полицијата.

Во местото Лос Серитос, на околу 160 километри источно од Сан Салвадор, двајца мажи, две жени и едно момче се убиени кога мажи облечени во полициски униформи упаднале во нивните домови и отвориле оган врз нив.

За другиот инцидент, полицијата наведува дека патрола наишла на членови на банда во местото Нуево, јужно од Сан Салвадор, по што следеле вооружените судири.