Македонија Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври е неработен за сите...

Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври е неработен за сите граѓани

Од ова министерство информираат дека прославата на Денот на македонската револуционерна борба е во согласност со Законот за празниците на РМ

фото: Министерство за труд и социјална политика

Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, информираа денеска од Министерството за труд и социјална политика.

Од ова министерство информираат дека прославата на Денот на македонската револуционерна борба е во согласност со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07).