Македонија Денеска жежок ден со температура над 30 степени

Денеска жежок ден со температура над 30 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде многу топло, со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено во западните делови и на повисоките места и на планините, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија (УХМР).

Температурата во голем дел од земјата ќе надмине 30 Целзиусови степени, а најтопло се очекува да биде на крајниот југоисток на земјава, со 34 степени. Температура поголема од 30 степени ќе има и во Повардарието, а во Скопје се очекува термометрите да забележат до 32 степени.

Регионот на Охридско Езеро го очекува температура до 27 Целзиусови степени, а најниска температура ќе биде забележана во Мавровско-Реканскиот Регион со најмногу 24 степени. Два степени повисока максимална температура се очекува во Малешевијата.

Слично време, но со малку пониска температура од денеска, се очекува и утре. Попладнето ќе има услови за краткотраен дожд, но само во планинските подрачја.

Од понеделник се очекува зголемување на облачноста, а времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Најврнежливо се очекува да биде во вторник, кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а в среда и засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура, вели прогнозата на УХМР.