Македонија Денеска времето облачно со дожд

Денеска времето облачно со дожд

Денеска времето ќе биде облачно и претежно тивко, со слаб локален дожд. Појава на магла има во некои котлини, но со слаб интензитет, додека во Тетовско и во Крушево хоризонталната видливост е намалена на помалку од 500, односно 200 метри.

Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од источен правец. Највисоката дневна температурата ќе биде во интервал од 9 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје денеска времето ќе биде облачно, со услови за слаб краткотраен дожд, а попладне променливо облачо. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 13 Целзиусови степени.