Свет Балкан Денеска во Турција повторно се спроведуваат рации за апсење на припадници на...

Денеска во Турција повторно се спроведуваат рации за апсење на припадници на Исламската држава

Рано утринава, турските безбедносни сили повторно почнаа акција за апсење на осомничени припадници на Исламската држава, како и на забранетата Курдска работничка партија, јавуваат медиумите во Турција.

Рациите се спроведени во повеќе турски градови и провинции.

Турските власти вчера притворија 251 лице во координирани рации извршени против осомничени џихадисти на ИД и курдски милитантни активисти, по бранот напади во земјата.