Главна секција Денеска во Пржино партиите продолжуваат со преговорите

Денеска во Пржино партиите продолжуваат со преговорите

Работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА, денеска во 12.30 часот, во резиденцијата на Европската Унија во Пржино, ќе разговараат за реформите во медиумите и за прочистувањето на избирачкиот список.

На средбата се очекува да присуствуваат истите претставници на партиите како вчера, односно Рената Дескоска од СДСМ, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Имер Алиу од ДПА и Артан Груби од ДУИ, како и двајцата амбасадори Џес Бејли и Аиво Орав.

Исходот од вчерашната средба за владејачките ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ е добар и велат дека постигнале напредок, додека за СДСМ, немало никаков напредок.