Македонија Денеска топло со температури до 28 степени

Денеска топло со температури до 28 степени

Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност, малку потопло и ветровито.

Во попладневните часови во североисточните и источните предели ќе има зголемување на облачноста и услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува до умерен засилен северен и северозападен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 5 до 14 Целзиусови степени, додека, пак, максималните дневни температури ќе достигнат до 17 односно до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 11, а максималната дневна ќе достигне до 25 Целзиусови степени.