Македонија Денеска топло со краткотраен дожд

Денеска топло со краткотраен дожд

Утринава низ Македонија има променливо време. Од запад и од север се движи облачна маса, која во текот на претпладнето ќе ги донесе и првите врнежи.

Температурата ќе се движи од 18 Целзиусови степени, колку што ќе достигне утринската, до 29 Целиусови степени, колку што ќе биде дневната максимална температура.