Македонија Денеска температура до 33 степени

Денеска температура до 33 степени

Во Македонија времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во источните и во југоисточните делови, попладне и во вечерните часови ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Утринската температура се движи во интервал од 9 до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 24 до 33 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Максималната дневна температура ќе достигне до 28 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.