Македонија Денеска средба на работните групи за ДИК и за медиумите

Денеска средба на работните групи за ДИК и за медиумите

Претставниците на политичките партии кои се членови во работната група денеска од 17 часот во Клубот на пратеници ќе имаат средба со белгискиот олеснувач Питер Ванхауте.

На средбата ќе се разговара за методологијата што Државната изборна комисија треба да ја употреби за прочистување на избирачкиот список и за регулацијата на медиумите.

Последната средба на работните групи беше во четвртокот минатата недела, но партиите не постигнаа никаков напредок.