Македонија Денеска сончево, со температура до 5 степени

Денеска сончево, со температура до 5 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движи од минус 15 до минус 4 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од минус 1 до 5 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 3 Целзиусови степени.