Македонија Денеска сончево, со температура до 20 степени

Денеска сончево, со температура до 20 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево и тивко, а на повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. По одделни котлини има појава на слаба утринска магла.

Утринската температура се движи од -6 до 6 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и тивко, со слаб ветер од северен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 17 Целзиусови степени.