Македонија Денеска сончево, со температура до 17 степени

Денеска сончево, со температура до 17 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала облачност, а ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утрово во одделни котлини има појава на магла и пониска температура.

Утринската температура се движи од минус 2 до 1 Целзиусов степен, а дневната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време, сончево со мала облачност. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 13 Целзиусови степени.