Македонија Денеска сончево со мала облачност

Денеска сончево со мала облачност

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне од 9 до 14 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло преку денот. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини наутро со појава на магла.

Под влијание на влажен бран в четврток времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а само на високите планини со снег. Претпладне врнежи ќе има главно на западот, а околу пладне и до крајот на денот тие ќе се прошират во поголем дел од земјава, но сепак најинтензивни ќе останат во западните делови. Дневните температури ќе се движат од 6 до 13 степени.

В петок врнежите ќе бидат слаби и полокализирани, но ќе биде постудено па до крајот на денот слаб снег ќе има и на некои повисоки места во земјава. Во деновите од викендот се очекува стабилно, суво и постудено време.