Македонија Денеска сончево и топло

Денеска сончево и топло

Денеска времето во Македонија ќе биде топло, со максимална дневна температура од 27 Целзиусови степени. В сабота, пак, се очекува ново наоблачување, кое ќе донесе повремен дожд во попладневните часови. Дел од овие врнежи ќе имаат локален повремен пороен карактер, но ќе бидат релативно краткотрајни.

В сабота, во однос на петок, ќе биде посвежо за 2 до 3 Целзиусови степени.

И в недела се очекува дожд, пред сѐ во попладневните часови.