Македонија Денеска сончево и топло, со температура до 31 степен

Денеска сончево и топло, со температура до 31 степен

Времето денеска ќе биде топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува ветер, претежно од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 17 Целзиусови степени, а дневната од 26 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и со умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 31 степен.