Македонија Денеска сончево и топло

Денеска сончево и топло

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 5 до 13 Целзиусови степени, а дневната од 20 до 27 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 25 степени.