Македонија Денеска сончево и потопло

Денеска сончево и потопло

Времето денеска ќе биде сончево и потопло, со умерена облачност, а попладне се очекува облачноста да се зголеми, особено во западните делови од земјава, каде е можно во текот на ноќта да има и слаб локален дожд. Ќе дува слаб, а попладне повремен умерен ветер од југоисточен правец.

Температурата ќе се движи од 10 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе достигне 14 Целзиусови степени.