Македонија Денеска сончево и потопло време

Денеска сончево и потопло време

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура сè уште во некои делови од земјата ќе биде под нулата, но во текот на денот нè очекува затоплување и релативно висока температура од четири до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и со температура до 13 Целзиусови степени.