Македонија Денеска сончево и многу топло

Денеска сончево и многу топло

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, со мала облачност, а ќе дува слаб повремен ветер од североисточен правец.

Утринската температура се движи од 13 до 21 Целзиусов степен, а дневната ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со слаб североисточен ветер.

Максималната дневна температура ќе се искачи до 37 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.