Македонија Денеска сончево и многу топло, утре дожд

Денеска сончево и многу топло, утре дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло, а во попладневите часови се очекува локално наоблачување.

Дневната температура ќе се движи во 29 до 35 Целзиусови степени, а УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, метеоролозите прогнозираат слично време, односно сончево и топло, со мала до умерена локална облачност кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, а дневната температура ќе се достигне 32 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, од утре нè очекува промена на времето, со намалување на температурите за 5 до 6 степени. Попладне се очекува нестабилно време, проследено со локален пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.