Македонија Денеска сончево и многу топло, со температура до 40 степени

Денеска сончево и многу топло, со температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со зголемена облачност во текот на денот и со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Температурата во текот на денот ќе изнесува помеѓу 33 и 40 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе изнесува 38 Целзиусови степени.

До среда (14 август) ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе биде на сила жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури и УВ зрачење.