Македонија Денеска сончево и многу топло, со температура до 39 степени

Денеска сончево и многу топло, со температура до 39 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, а ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Утринската температура се движи од 10 до 20 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 28 до 39 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 7.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и многу топло, и ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 37 Целзиусови степени.