Македонија Денеска сончево, ама студено

Денеска сончево, ама студено

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од -4 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 1 до 16 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до -2, а дневната ќе достигне 10 Целзиусови степени.