Македонија Денеска сончев и потопол ден

Денеска сончев и потопол ден

Денеска времето во Македонија ќе биде ведро и потопло. Сосема мала облачност се очекува претпладне, додека попладне ќе има привремено зголемување на облачноста, кое ќе потрае и во текот на ноќта кон вторник. Ова наоблачување ќе донесе сосема слаб, локален и краткотраен дожд во делови од северниот регион, како и во планинскиот регион на крајниот исток и на крајниот запад од земјава.

Ќе дува сосема слаб југозападен ветер.

Минималната температура низ поголем дел од котлините ќе има вредност околу 3 Целзиусови степени, додека на повисоките места таа има вредност околу -1 Целзиусов степен.