Економија Денеска се воспоставува авиолинијата Белград – Охрид

Денеска се воспоставува авиолинијата Белград – Охрид

Официјалниот почеток на авионските летови на линијата Белград – Охрид ќе се означи денеска со слетувањето на првиот авион на „Ер Србија“.

Со воспоставувањето на оваа авионска линија се очекува да се придонесе во развојот на туризмот и во зголемувањето на бројот на туристи од Србија, но и од други европски држави со кои белградскиот аеродром има директни конекции.

Исто така, македонските граѓани ќе имаат поволни можности да патуваат до Србија и до европските држави.