Македонија Денеска се одржува вториот круг на претседателските избори

Денеска се одржува вториот круг на претседателските избори

Фото: Борче Поповски

Денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, а право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу двајцата кандидати Гордана Сиљановска – Давкова и Стево Пендаровски.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, кога не беше остварено потребното мнозинство од 904.066 гласови за избор на новиот шеф на државата во првиот изборен циклус.

Доколку во вториот круг не биде постигнат цензусот, односно на гласачките места не излезат 40 отсто од вкупниот број избирачи, односно 723.252 гласачи, се повторува целата изборна постапка и до изборот на нов претседател, функцијата ќе ја извршува претседателот на Собранието Талат Џафери.