Македонија Денеска се одбележува Светскиот ден на прва помош

Денеска се одбележува Светскиот ден на прва помош

Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст, денеска го одбележуваат Светскиот ден на првата помош во соработка и со поддршка од СВР Скопје.

По тој повод ќе организираат показна вежба за правилно укажување прва помош на неколку локации во Скопје, односно пред ТЦ „Бисер“, ТЦ „Сити мол“, Порта „Македонија“ и спроти ТЦ „Мавровка“. Ќе бидат симулирани незгоди, а возачите на моторни возила кои ќе бидат сопрени од екипите на СВР Скопје, ќе треба правилно да ги санираат.

Во вежбите, освен волонтерите на Црвен крст, ќе бидат учествуваат и ученици од 19 основни и средни училишта во кои Црвен крст на град Скопје има училишни клубови за едукација и за превенција, а младите ќе бидат вклучени во делење летоци на минувачите.

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на првата помош, реализирана ќе биде обука за 19 наставници и професори одговорни за работата на клубот во нивното училиште, а набавено е и поголемо количество санитетски материјал, кој ќе биде предаден на училиштата.