Македонија Денеска се очекува повторна пресуда за случајот „Ровер“

Денеска се очекува повторна пресуда за случајот „Ровер“

Ппресудата за убиството на Марјан Тушевски и на Киро Јанев во 2001 година, се очекува да биде соопштена околу 13 часот

Денеска се очекува Судскиот совет да ја соопшти пресудата за случајот „Ровер“, во кој им се суди на вкупно десетмина обвинети, меѓу кои е и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.

Обивнителството во текот на повтореното судење се откажа од гонење на петмина обвинети, поради недостиг на докази против нив.

Повтореното судење за убиството на Марјан Тушевски и на Киро Јанев, кое се случи во 2001 година, следува откако Апелацискиот суд ја оспори првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1 и го врати предметот на повторно судење.