Главна секција Денеска работните групи ќе разговараат за избирачкиот список

Денеска работните групи ќе разговараат за избирачкиот список

Денеска, во 16.30 часот, во Клубот на пратеници работните групи ќе одржат средба со белгискиот олеснувач Питер Ванхауте.

На средбата ќе се разговара за прочистувањето на избирачкиот список.

До почнувањето на средбата, партиите ќе треба да ги достават своите мислења и коментари за методологиите изработени од Државната изборна комисија.

И на вчерашната средба, работните групи разговараа за прочистувањето на избиртачкиот список, а олеснувачот Ванхауте рече дека атмосферата меѓу преговарачите била тензична.

Пред почетокот на вчерашната средба, претседателот на ДИК, Александар Чичковски, на претставниците на политичките партии во работните групи им подели писмена изјава, во која вели дека темелно прочистување на избирачкиот список не е можно до 24 април, како и дека ДИК сè уште не е доволно екипирана.