Македонија Денеска променливо облачно, со температура до 9 степени

Денеска променливо облачно, со температура до 9 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ќе дува умерен ветер од северен правец. Претпладне во западните делови од земјата ќе има услови за врнежи од снег, а во попладневните часови облачноста ќе се намалува.

Утринската температура се движи од -4 до 4 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 2 до 9 степени.

Во Скопје се очекува слично време, претпладне променливо облачно со умерен ветер од северен правец, а попладне со сончеви периоди. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 5 Целзиусови степени.