Македонија Денеска променливо облачно, со температура до 8 степени

Денеска променливо облачно, со температура до 8 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движи од минус 4 до еден Целзиусов степен, а дневната ќе достигне од 4 до 8 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно со сончеви периоди попладне и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 7 Целзиусови степени.