Македонија Денеска променливо облачно, со температура до 19 степени

Денеска променливо облачно, со температура до 19 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во крајните северозападни и северни делови од земјата ќе има услови за изолирана појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.

Утринската температура се движи од минус 3 до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 15 до 19 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 19 Целзиусови степени.