Македонија Денеска променливо облачно со повремен дожд и со температура до 26 степени

Денеска променливо облачно со повремен дожд и со температура до 26 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено во јужните и во источните делови од земјата. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура се движи од 12 до 17 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе достигне од 18 до 26 степени.

Во Скопје се очекува слично време, односно променливо облачно со услови за појава на слаб повремен дожд и со слаб ветер од северозападен правец.

Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне 24 Целзиусови степени.